„Филип Морис“ и ТК Прилеп договорија стратешко партнерство

Bez autora
May 28 2014

Познатата компанија „Филип Морис интернешнл“ денеска и официјално стана стратешки партнер на тутунскиот комбинат „Прилеп“. Со потпишаниот договор, се окончаа долгогодишните напори да се најде квалитетен стратешки партнер за еден од македонските загубари и како што се цени, се затвора децениското проблематично прашање за стабилноста на работењето на „Тутунскиот комбинат“. Новото партнерство треба да обезбеди профитабилно работење на прилепскиот комбинат и стабилна иднина за околу 6.000 негови кооперанти и вработени. Називот на новоформираната заедничка компанија е „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“ и во нејзиниот капитал „Филип Морис “ ќе учествува со 51 отсто, а ТК Прилеп 49 отсто. Врз основа на учеството во капиталот соодветно ќе се распределува и добивката.

„Филип Морис“ и ТК Прилеп договорија стратешко партнерствоПознатата компанија „Филип Морис интернешнл“ денеска и официјално стана стратешки партнер на тутунскиот комбинат „Прилеп“. Со потпишаниот договор, се окончаа долгогодишните напори да се најде квалитетен стратешки партнер за еден од македонските загубари и како што се цени, се затвора децениското проблематично прашање за стабилноста на работењето на „Тутунскиот комбинат“.

Новото партнерство треба да обезбеди профитабилно работење на прилепскиот комбинат и стабилна иднина за околу 6.000 негови кооперанти  и вработени.

Називот на новоформираната заедничка компанија е „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“ и во нејзиниот капитал „Филип Морис “ ќе учествува со 51 отсто, а ТК Прилеп 49 отсто. Врз основа на учеството во капиталот соодветно ќе се распределува и добивката.

Договорот за новото партнерство, денеска, во Владата, во присуство на премиерот Никола Груевски и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, го потпишаа Оливио Вањети и Кристо Вал де Алдегуа, во име „Филип Морис интернешнл“, и Александар Дервенџиев, директор на ТК „Прилеп“.

Вицепремиерот Пешевски, по потпишување на договорот истакна дека ваквата управувачката структура ќе овозможи трансфер на ноу хау од водечкиот играч од оваа индустрија во светот . „Очекуваме постепено ова партнерство да прерасне во уште  посериозен регионален играч“, рече Пешевски.

Потпретседателката на „Филип Морис интернешнл“ за ЈИЕ, Спејси Кенеди, истакна дека договорот е ново поглавје за нивната нова компанија и за Македонија и најави поголемо присуство во тутунската индустрија во регионот.

„Уверена сум дека овој заеднички потфат ќе донесе заедничка корист за нашите две компании и ќе создаде цврста основа за иднината на македонската тутунска индустрија“, истакна Кенеди, додавајќи дека во „Филип Морис“ се свесни за долгогодишното искуство на тутунскиот бизнис во Македонија.

Претседателот на „Филип Морис Интернешнл“ за Источна Европа, Блискиот Исток и Африка, Мирослав Зијелински, рече дека покрај долгата историја на македонската тутунска индустрија, во проектот биле привлечени од позитивната клима за меѓународните инвеститори.

„Уверени сме дека комбинацијата од водечкото меѓународно искуство на ’Филип Морис‘ во светот, заедно со силните корени на тутунскиот комбинат „Прилеп“ ќе создаде одлична основа за вкупниот успех и за постигнување на нашите цели во иднина“, истакна Зијелински.

Осврнувајќи се на придобивките од стратешкото партнерство, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески,  ги издвои придобивката за производителите на тутун, за кооперантите и за вработените во ТК.

„Тутунскиот комбинат има околу 5.000 кооперанти производители на тутун и околу 1.000 вработени. За сите 6.000 семејства, со овој договор се обезбедува стабилна иднина и можност за позначаен откуп на произведениот тутун и стабилни услови за работење на  комбинатот каде тутунопроизводителите го предаваат тутунот“, рече Ставрски.

Со договорот е предвидено откупување одредени количини тутун секоја година со што ќе се помогне во решавањето на прашањето на откупот на тутун и на тој начин ќе им се помогне на сите непосредни тутунопроизводители. За Тутунскиот комбинат, посочи Ставрески, придобивката е  што ќе може да почне да работи профитабилно и да ја подобри сопствената ликвидност  и долгрочно солвентноста. Државата, пак, доби уште еден познат бренд  меѓу странските инвеститори, што придонесува во напорите на Владата Македонија да биде препознаена како добра дестинација за инвестиции.

Директорот на ТК „Прилеп“, Александар Дервенџиев, смета дека стратешкото партнерство со „Филип Морис интернешнл“, има историски карактер.

„Стратешко партнерство со еден гигант во тутунската индустрија - ’Филип Морис‘, претставува предуслов  комбинатот по децениска  неизвесност конечно да излезе од листата на т.н. загубари и да фати приклучок со останатите успешни компании во оваа исклучително компетитивна индустрија“, рече Дервенџиев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik